Галерија| Запален олимписки оган во древната Олимпија

Факелот за Олимписките игри во Париз 2024 година беше запален во древната Олимпија на традиционална церемонија во вторникот, со што беше одбележан последниот дел од седумгодишните подготовки за почетокот на Игрите кои ќе започнат на 26-ти јули.

Грчката актерка Мери Мина во улога на првосвештеничка го запали факелот со помошен пламен наместо параболичното огледало кое вообичаено се користи, поради облачното време.

Со ова започна штафетното предавање во Грција и Франција, а ќе кулминира со палењето на олимпискиот оган во главниот град на Франција на свеченото отворање. Париз ќе биде домаќин на Летните олимписки игри по третпат по 1900 и 1924 година.

„Во овие тешки времиња низ кои живееме, со војни и конфликти во пораст, на луѓето им е преку глава од омразата, агресијата и негативните вести со кои се соочуваат секој ден. „Сакаме нешто што не обединува, нешто што ни дава надеж“, рече претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах во својата изјава.

На церемонијата присуствуваа и грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, француската министерка за спорт и Олимписки игри, Амели Удес-Кастера и градоначалничката на Париз, Ан Идалго.

Потоа, во древното светилиште на Олимпија, пред 2.600 години старите урнатини на храмот на Хера, првосвештеничката го запали факелот на првиот тркач на штафетата, грчкиот олимписки шампион во веслање Стефанос Нтускос. По краткото трчање, тој ѝ го предаде пламенот на трикратната олимписка медалистка во пливање Лаура Манауду од Франција, како претставничка на градот домаќин.

Пламенот официјално ќе им биде предаден на организаторите на Игрите во Париз на стадионот „Панатинаик“ во Атина, местото на одржувањето на првите модерни игри во 1896 година, на 26-ти април по 11-дневната штафета низ Грција.

Шестотини носители на факелот ќе го носат пламенот единаесет дена низ Грција, ќе патуваат 5.000 километри низ седум острови, десет археолошки локалитети и Акропол каде што ќе преноќи поркај храмот Партенон, а следниот ден ќе отпатуваат за Франција на едреникот со три јаброла „Белем“ ќе пристигне на 8-ми мај во Марсеј, а на церемонијата ќе присуствуваат 150.000 луѓе во старото пристаниште на јужниот град Марсеј, кое било основано од грчките доселеници од Фокеја околу 600 година п.н.е. домаќин на Олимписките натпревари во едрење.

Француската штафета на факелот ќе трае 68 дена, ќе минува низ Антилите и Француска Полинезија, а ќе заврши во Париз со палење на олимпискиот оган на 26-ти јули.