Вчера Советот на градот Скопје расправаше за ребаланс на буџетот, каде се предвидуваат одредени кратења, помалку пари за одредени проекти, и повеќе субвенции за јавните претпријатија, рече во вторникот Луке Галески, советник од ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквиот ребаланс беше критикуван од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје.
„Пред само две недели на истава говорница се фалевте со финансиските успеси на јавните претпријатија, додека сега на оваа седница кратите од капиталните расходи и ја зголемувате сумата за субвенционирање на јавните претпријатија со парите на скопјани, истакна советникот на ВМРО-ДПМНЕ Луке Галески. Се зголемува сумата за субвенции за јавни претпријатија за 17 милиони денари, додека сумата за капитални субвенции за претпријатија и невладини организации од 9 милиони на 44 милиони денари“, посочи Галески
„Ова не е развоен буџет, овој буџет нема да значи решавање на проблемите на скопјани туку крпење на дупки, и купување време. И Градот Скопје го следи неславниот рекорд на Владата па крати од сумата предвидена за капитални инвестиции и ги прераспределува парите во други ставки. Капиталните расходни вкупно се намалуваат за 47 милиони денари, а в исто време се зголемува сумата за купување на мебел за 3 милиони денари, додека за 11 милиони денари се намалува сумата која се издвојува за купување на опрема и машини“, истакна советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галески.
Истакна дека градот ја зголемува сумата за привремени вработувања за 12 милиони денари наспроти ветувањата на Шилегов за мала стручна и ефикасна администрација.
„Се зголемуваат субвенциите за АД Градски енергетски системи во износ од 5 м денари, би било добро да кажете која услуга ја произведува ова претпријатие за да се додели оваа сума“, истакна советникот Луке Галески.
Шилегов беше прашан дал кратењето на парите за одржување на Кејот на Вардар, за Вардариште и булеврите АСНОМ, Србија, Теодосиј Гологанов, Февруарски Поход ќе значи и запирање на овие проекти. Советникот Галески истакна дека Шилегов ветувал чист воздух а крати од секторот животна средина 32 милиони денари. Каков ќе е тој чист воздух кога не инвестирате ништо да подобрите, додаде тој.
Советничката од ВМРО-ДПМНЕ Ирена Попова го запраша Шилегов зошто ја покауваше цената на влезниот билет во Золошката градина кога сега со овој ребаланс на буџетот се даваат субвенции за ова претпријатие. Образложението тогаш беше дека на Золошка Градина и требаат пари, а сега и самиот град дава пари. На крајот граѓаните се најоштетени истакна Попова која додаде дека на овој начин граѓаните се изманипулирани и дека не е да има развој кога се кратат пари за едни проекти.
Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ посои дека Шилегов нема предвидено и крати пари за Езеро Треска а негово ветување беше дека ова лето Скопјани ќе може да се капат. Воедно посочи дека целосно е заглавена изградбата на улица Есенинова, иако Шилегов наследи готов проект.
На ваквите обвинувања градоначалникот на Скопје Шилегов одговори дека погрешно се интепретираат информациите за буџетот. Тој истакна дека парите за капитални расходи се кратат, но тие се користат за други стапки. Истакна дека улицата Есенинова ќе се гради, но и дека сите споменати булвари има активности кои ќе значат нивна градба. Воедно Шилегов посочи дека парите наменети за Градски енергетски ресурси се за плати на вработените. Тој не одговори за зголемените суми за субвенции на претпријатијата, за договрните вработувања, ниту за закениот проект за ревитализација на проектот Езеро Треска.