Галетановски верува дека коњите од скопската ЗОО ги отрул некој вработен

Поранешниот директор на скопската зоолошка градина, Ѓорги Галетановски, откако обдукцискиот наод покажа дека трите коњи од реткиот вид „пржевалски“ се отруени, смета дека тоа најверојатно го направил некој вработен или наводен соработник на скопската ЗОО.

Популарниот Чомбе вели дека добро е тоа што од интензивниот ортов не настрадал некој посетител и се чуди како баш не работела камерата што го снима тој агол.

„Како може да прегорат камери и да не се поправат истиот момент, не само камери, туку било што, доколку има дефект или оштетување, тоа веднаш мора да се санира, така се постапува во секоја институција!

Уверен сум дека извршителот на ова злодело е некој од внатре, кој добро ги познавал околностите! И не смее да се дозволи овој случај да падне во заборав за кратко, мора да има темелна истрага и резултати, кои ќе бидат транспарентно соопштени пред јавноста, а убиецот најстрого да биде казнет“, вели Галетановски за „Фокус“.

Во времето на Галетановски, скопската ЗОО градина беше пример за добро менаџирање.