Осум члена на елитата на кинеската комунистичка партија чиишто членови на семејствата користеле офшор компании се појавуваат во „Панамските Документи“, пишува британски „Гардијан“.
Документите покажуваат дека внуката на кинескиот лидер е единствен акционер на две компании додека била тинејџер. Џасмин Ли штотуку почнала да студира на Универзитетот Стенфорд во САД кога компаниите биле регистрирани на нејзино име во декември 2010-тата. Нејзиниот дедо Џиа Јинглин во тоа време бил четвртиот по ред политичар во Кина.
Други важни фигури што ги искористиле офшор компаниите се зетот и шурата на претседателот Ји Џипинг, како и зетот на Занг Гаоли кој е уште еден член на политичката елита во Кина.
Тие сите се дел од „црвеното благородништво“ чиешто влијание е и над политиката. Меѓу другите се и ќерката на Ли Пенг и Гу Каилаи, сопругата на Бо Џилаи, поранешен член на политбирото кој бил во затвор за корупција и злоупотреба на положбата.
Роднините на политичарите поседувале компании што биле клиенти на офшор правната фирма Мосак Фонеска. Сепак, како што посочува „Гардијан“ во документите нема ништо што би посочило дека споменатите политичари имале било каква корист од компаниите што се поврзуваат со членовите на нивните семејства.