Гарет: Се уште е можно спроведување на избори на 5-ти јуни

Спроведувањето на изборите на 5-ти јуни се уште е можно, но за да се завршат сите обврски потребно е Државната изборна комисија, политичките лидери и сите релевантни институции да работат заедно, изјави амабасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет за време на денешната посета на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, пренесе МИА.

 Успешноста на овој процес ќе може да ја извлече Македонија надвор од оваа политичка криза во која се наоѓа и да продолжи понатаму со својот развој, додаде Гарет.

Во однос на медиумските реформи, амбасадорот на Велика Британија рече дека не само што е битна дебатата која што постои околу ова прашање, туку е важно за време на изборите сите медиуми да работат согласно законските регулативи, кои што ќе работат принципите на доброто новинарство се со цел да известуваат објективно, непристрасно и балансирано за време на изборите.

Гарет имаше средба со ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев, а пред студентите од Правниот факултет одржа и предавање „Британската дипломатија во 21 век“.