Гарманската бродска компанија најави копнени коридори за транзит низ Саудиска Арабија

Германската бродска групација „Hapag-Lloyd“ во понеделникот објави воспоставување копнени коридори низ Саудиска Арабија за да се олесни влијанието на кризата во Црвеното Море.

До натамошно известување, „Hapag-Lloyd“ планира да ги испрача бродови на далеку подолгиот пат, околу ‘Ртот на добрата надеж.

„Продолжуваме континуирано да ја следиме и анализираме ситуацијата и штом таа се промени, штом (транзитот) повторно биде безбеден, ќе ги насочиме нашите бродови преку Црвеното Море и Суецкиот канал“, се вели во соопштението на бродската компанија.

Одделно, тие исто така најавија дека ќе воспостават копнени коридори за транзит на стоки низ Саудиска Арабија, од Џебел Али, Дамам и Џубаил до океанскиот терминал Џеда.

„Наша цел е на клиентите да им понудиме кризно решение за да се заобиколи блокадата додека не се нормализира состојбата во Црвеното Море“, наведуваат во соопштението, истакнувајќи дека имаат 55 пристанишни и 53 копнени терминали во регионот на Блискиот исток.