Гарманската Влада планира да донесе закон за поддршка на родовата идеологија

Во согласност со неговото претходно ветување, комесарот за квир луѓе на германската федерална влада Свен Леман го состави првиот пакет нацрт-закони што може да ги усвои владата со заобиколување на парламентот. Леман претходно изјави дека ќе направи промени и во образованието, така што дури и децата од предучилишна возраст ќе добијат инструкции за сексуалната и родовата различност.

Законскиот пакет е насловен „Национален акционен план за прифаќање и заштита на сексуалната и родовата различност“ и има за цел посилно промовирање на „правното признавање“ и „безбедноста“ на членовите на ЛГБТК заедницата, рече Свен Леман, германскио федерален комесар за прифаќање на сексуалната и родовата различност.

Нацртот ќе наложи властите одделно да регистрираат говор на омраза врз основа на пол или сексуална ориентација во иднина, и да се создадат проекти за да се помогне во борбата против сексизмот во училиштата и спортот, дополнително, да се формира панел за давање препораки до јавните институции за различните аспекти на употребата на „јазикот кој служи за еднаквоста на половите“.

Коалиционите партии веќе имаа договорено слични планови пред формирањето на владата, како и владиното усвојување на законот пред крајот на годината. Покрај горенаведеното, членовите на владејачката коалиција сакаат да го прошират членот на Уставот за еднаков третман со забрана на дискриминација врз основа на сексуален идентитет. Во нацртот е наведено дека предлозите за измена на Уставот најверојатно нема да ја добијат потребната двотретинска поддршка во германскиот сојузен парламент, па можеби вреди да се преговара со собранието и со покраинските лидери.

Леман, исто така, ја коментираше презентацијата на неговите предлози на неговата страница на социјалните мрежи. Во една објава тој напиша дека „изминавме долг пат во однос на еднаквоста и прифаќањето, но не ни приближно доволно далеку“.

Леман веројатно имплицираше дека не сака да застане тука, бидејќи зборуваше за многу порадикални планови кога беше назначен. Во друг негов предлог се вели:

„Семејното право, исто така, мора да се ажурира и прилагоди на општествената реалност, бидејќи семејствата се разновидни и не секогаш се состојат од мајка, татко и дете.

Но, владиниот комесар одговорен за квир прашања, исто така, се стреми да го трансформира образованието: на пример, неговите планови вклучуваат деца од предучилишна возраст да ги учат за сексуалната и родовата различност.

„Од суштинско значење е повеќе образование и повеќе информации за различностите да се воведат во градинките, училиштата и воннаставната младинска работа. Важно е да се создаде атмосфера во овие објекти каде што различноста е очигледна. За ова се потребни добро информирани образовни професионалци“,

Леман, кој живее како хомосексуалец 20 години, рече во едно интервју дека треба целосно да се ревидира законот за трансродност, да се укине сегашната законска регулатива и да се олесни промената на полот.