![](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/08/afrim-gasi-2.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Африм Гаши – претседателот на Собранието на денешниот брифинг со новинарите рече дека на седницата на 3. септември ќе ја стави на дневен ред интерпелацијата за неговото работење, и покрај тоа што смета дека барањето не е политички издржано.
„На седницата на Собранието на 3. септември ќе ја ставам на дневен ред и интерпелацијата за мене како претседател на Собранието. Мислам дека ова барање не е политички издржано, но секако ќе има расправа“ – рече Гаши.
Барањето за интерпелација е поради неколку причини – молитвата во Собранието, случајот со аеродромот и косовската претседателка и заминувањето на свадба во Косово.