Гаши: Вељаноски се држеше до Деловникот, не знаевме дека Ибраими ќе ја пее албанската химна

Африм Гаши, претседател на Алтернатива, денеска како сведок за настаните од  27 април во судскиот процес за организаторите рече дека во текот на целото свое раководење на конститутивната седница, тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски како претседавач се држел стриктно до Деловникот.

Тој во детали објасни што се случувало тој ден во Собранието. Околу 17 часот си заминал од законодавниот дом, но се вратил подоцна. Пред да си замине се потпишал на барањето седницата да продолжи следниот ден во петок.

На прашање дали во партијата Беса, тогаш се разговарало и се договарало пратеникот Зекирија Ибраими да ја пее албанската химна, тој одговори дека за тоа воопшто не станало збор.

– Никогаш не се разговарало за тоа, ниту пак се договаравме Ибраими на седницата да ја пее албанската химна – рече сведокот Гаши.