Гасниот терминал Александропули во Грција, ќе биде пуштен на 1 октомври

На 1 октомври 2024 година ќе биде пуштен во употреба терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александропули. Со овој проект државата треба да обезбеди 500 милиони кубни метри гас годишно, што ја надминува годишната потрошувачка од 400 милиони кубни метри. Македонија ќе обезбедува повеќе од доволно за да ги задоволи домашните потреби и ќе може да се пласира гас и во соседните земји, како Србија и Косово. Овој проект ќе ѝ обезбеди можност на државата за дополнителни приходи преку извоз на гас во регионот, потсетија преку соопштение од СДСМ.

Покрај ова, оваа енергетска инфраструктура ја зајакнува енергетска независност и придонесува за зголемена енергетска сигурност на нашите граѓани и економија. Проектот вклучува и изградба на енергетска централа со капацитет од 800 мегавати, која ќе биде завршена во 2024 година.

Кога Владата на СДСМ ја презеде иницијативата за овој проект ВМРО-ДПМНЕ беше против и сметаше дека  „најавата на Владата за инвестирање во Грција е штетна од неколку аспекти и тоа: политички, финансиски и економски“, велат од СДСМ.