Гасот во Европа поскапе за 700 отсто од минатата години, пишува Bloomberg

Цената на природниот гас скокна за седум пати од почетокот минатата година, станувајќи заедно со нафтата, движечка сика на новата ера конфронтација меѓу големите сили, пишува во вторникот деловната новинска агенција Bloomberg News.

„Природниот гас стана најтргуваната стока во светот и клучен двигател на глобалната инфлација, што доведе до екстремни зголемување на цените, дури и според стандардите на турбулентните пазари. Растот во Европа порасна за дури 700 отсто од почетокот на минатата 2021 година“, пишува Bloomberg.

Како што се наведува во анализата на агенцијата, украинската криза ја предизвикала борбата за течниот природен гас (LNG) и доведе до глобален притисок врз набавките на горивата.

Се додава дека европските земји во моментов брзаат, поради намалените испораки на рускиот гас, меѓу другото и поради санкциите против Русија поради војната во Украина и намалувањето на зависноста од руските енергенси, во пресрет на претстојната сезона на затоплување да ги пополнат испразнетите складишта со течен природен гас.

Улогата на гасот во иднина ќе се зголеми, а потребите од сигурни залихи стана очигледна, вели Кевин Брук, директор во истражувачката компанија „ClearView Energy Partners LLC“ со седиште во Вашингтон.

„Ова се 1970-те години за природниот гас. Сега светот размислува за гасот исто како што тогаш размислуваше за нафтата“, истакнува Брук.

На почетокот на март цените на гасот во Европа достигнаа рекордно високо ниво од 3.892 долари, поттикнати од стравувањата за испораките од Русија поради западните санкции поради санкциите на Европската унија воведен поради војната во Украина. Потоа цените на „синото гориво“ почнаа постепен да паѓаат, па на 8-ми јуни беше забележана најниската цена од крајот на февруари од 878,5 долари за илјада кубни метри.

Цените на гасот на континентот повторно влегоа во спиралата на остриот раст кон средината на јуни и последните две седмици, во заднината на намалените испораки од Русија, како поради ремонтирањето на делови од главниот гасовод Северен тек 1 кое е попречено токму поради санкциите, како и прекинот на испораките за некои европски земји кои одбија да плаќаат за енергенсот според моделот кој го воведе Москва.

Во моментов, според процените на аналитичари на енергетскиот пазар во Европа, не постојат предуслови за силен пад на цените на гасот.