Министрите за надворешни работи на Македонија, Србија, Унгарија и Грција во септември би требало да потпишат меморандум за изградба на гасоводот „Тесла“ кој треба да го поврзе „Турски тек“ со Австрија, објавува рускиот весник „Вједомости“, пренесе МИА.
Гасоводот, кој е продолжение на „Турски тек“ на руската енергетска компанија Газпром, треба да минува низ Грција, Македонија, Србија и Унгарија и да стигне до гасниот чвор Баумгартен во Виена.
Се предвидува гасоводот „Тесла“ да биде со должина од 1.300 до 1.400 километри и со капацитет од 27 милијарди метри кубни гас и да биде завршен до 2019 година. Неговата изградба би чинела од 4 до 5 милијарди евра, а Грција би можела да го продлжи и до Италија.
Гасоводот „Турски тек“, пак, ќе има капацитет од 63 милијарди метри кубни гас. Почнува од Русија и под Црното Море ќе доаѓа до Турција. Предвидено е да биде продолжен до гасниот чвор на турско-грчката граница. Доаѓа наместо гасоводот „Јужен поток“ од кого Русија се откажа лани во декември заради, како што беше посочено, неконстуктивниот став на Европската унија кон неговата реализација.
Грција го поддржува Турски тек игнорирајќи го противењето на Брисел
“Ако Грција, а особено актуелната Влада, правило ги одиграат своите карти, овој гасовод на барање на Грција, би можел да снабдува преку два излеза истовремено. Првиот преку Македонија ( поврзувајќи ги Грција, Македонија, Србија и Унгарија ) и вториот преку подморска врска меѓу западна Грција и јужна Италија”, пишува “Катимерини”.
Меѓувладиниот договор не е потпишан. Причината е тоа што едноставно таму нема Влада. Нашите партнери од Турција ќе ја формираат Владата, но сепак, тоа не е така едноставно”, изјави рускиот премиер Дмитри Медведев.
ЕУ и понатаму прави притисок против Турски тек
При примопредавањето на функцијата, новиот грчки министер за енергетика Панос Скурлетис јасно порача дека Грција сеуште е дел од рускиот гасовод Балкански тек, додека неговиот претходник Панајотис Лафазанис нагласи дека ЕУ дури и во овој момент, прави притисок со цел спречување на проектот.
Преку „Турски тек“ и кинеската железница Македонија остварува две тесни врски со БРИКС
“Ова е монументално затоа што значи дека земјата конечно има економска алтернатива различна од ЕУ, но и дека Евро-Атлантската интеграција не е единствената форма на интеграција во светот. Соработката со земјите од БРИКС може да биде многу повеќе профитабилна за Македонија, но освен тоа, ќе биде зачуван и суверенитетот и идентитетот на земјата, со оглед на тоа што не западните земји никогаш нема да ве присилуваат да го менувате името како предулов за еднаква соработка. Македонија веќе има две тесни врски со БРИКС, преку потенцијалната соработка во рускиот проект за гасоводот Балкански тек, но и со кинескиот проект за високо-брзинска железница од Будимпешта до Пиреја, што ќе минува низ земјата”, изјави Корибко за “Нетпрес”.