Руската енергетска компанија „Гаспром“ загубила околу 800 милиони евра поради запирање на изградбата на гасоводот Јужен тек, рече рускиот претседател Владимир Путин.
Според него, оваа сума е заведена во рубриката за загубина „Гаспром“.
Жалиме за тоа. И колку што јас разбирам и гледам, бугарската страна, исто така, жали за прекинувањето на проектот Јужен тек. Никој не се сомнева во ова, бидејќи нејзиното спроведување би било многу корисно за Бугарија. Па, да се обидеме да направиме уште еден чекор овој пат преку Турција – рече рускиот претседател по состанокот со бугарскиот премиер Бојко Борисов, објавија руските медиуми.
На 1 декември 2014 година, за време на посетата на Турција, Путин објави дека во „сегашните услови Москва нема да го спроведе проектот Јужен тек“, бидејќи не доби дозвола од Бугарија и ЕУ.