Легендарниот фудбалер на Милан, Џенаро Гатузо е еден од осомничените во новата афера за лажирани натпревари во италијанската Серија А во периодот од 2011 до 2013 година.
Поранешниот репрезентативец на Италија експресно ги демантираше сите новинарски текстови дека наместил неколку натпревари на Милан и додаде дека ако е точна таа информација веднаш ќе се упати во центарот на градот и ќе се убие на сред плоштад.
“Никогаш во животот не сум наместил меч и никогаш не сум разговарал со никого за такво нешто. Не знам од каде да почнам дури и да сум сакал да наместам некој меч. Ако се докаже дека сум местел, јас ќе одам во центар на градот и на плоштад пред сите ќе се – убијам. Ова го зборувам од срце. Зарем мислите дека за неколку мечеви би бил подготвен да си го урнам сиот углед? Се што сум градел во ист момент би паднало во вода, не би можел никого да погледнам во очи“, изјави Гатузо.