Новиот сопственик на моментално второпласираниот тим во француската Прва лига, Монако, Димитри Риболовлев се уште е во потрага по голман од светска калса.
Ако до пред неколку дена, прв фаворит за голманската позиција беше стандардниот првотимец во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Виктор Валдез, кој на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, сега во игра е чуварот на актуелниот шампион на Русија, ЦСКА од Москва, Игор Акинфеев.
Втората опција дефинитивно ќе биде поскапа за Риболовлев, поради фактот дека Акинфеев има договор со ЦСКА (М) до 2015 година, а обештетувањето за неговите услуги сигурно нема да биде помало од 15 мил. евра.