Сопственикот на фудбалскиот клуб „Олимпијакос“, Евангелос Маринакис го распушти речиси целиот тим до крајот на сезоната и ги казни играчите со 400.000 евра поради слабите резултати, што е последниот во низата скандали што се случуваат во грачкиот фудбал.
Маринакис се одлучил на ваков чекор по ремито на „Олимпијакос“ против големиот ривал „Панатинаикос“, а потоа и против „Левадиакос“, двата натпревари завршија со по 1: 1, незадоволен од залагањето на играчите како и од резултатите бидејќи речиси ја загубиле титулата.
До крајот на шампионатот, за тимот од Пиреја ќе настапуваат во главно фудбалери од подмладокот.
– Ќе почнам да градам нов „Олимпијакос“ каков што сум сонувал дека треба да биде. Ниту навивачите ниту јас сакаме повеќе да ве толерираме. Одете на одмор- им порачал Маринакис на фудбалерите .
Само неколку играчи од сегашниот состав ќе останат до крајот на сезоната.
– Аматерите го сакаат „Олимпијакос“ и навивачите па парите од казните ќе ги вложам во нив. Вие само размислувате за убави куќи и автомобили, не ве интересира тимот. Фрлив милиони, отпуштив тројца тренери, а Вие сте виновни- рече Маринакис.
Четири кола пред крајот на првенството „Олимпијакос“ е на третото место со девет поени заостаток зад лидерот АЕК и па само теоријата ги дели од осмата последоватолна титула.
Маринакис, кој од неодамна е под истрага за продажба на наркотици во Грција, исто така е сопственик на англискиот второлигаш „Нотингем Форест“.