
Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски ја информираше јавноста дека утрово оддржа прв состанок со кризниот штаб на општина Гази Баба.
– На состанокот присуствуваа претставници на фирмите за зимско оддржување. Започнуваме со навремени подготовки за зимскиот период. Мора да има и ќе има навремено чистење и оддржување на улиците од снег.Кризниот штаб и фирмите за оддржување се подготвени за постапување на терен, напиша Стефковски во својата Фејсбук објава.