![33 години независност](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/09/33-godini-nezavisnost.jpg?resize=696%2C696&ssl=1)
По повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, општина Гази Баба трета година година по ред организира голем музички настан. Оваа година настанот ќе се оддржи на 5 Септември со почеток во 20:00 часот на плоштадот во Автокоманда под мотото “Македонија живее”.
Од општината информираат дека за настанот е подготвена богата културно – уметничка програма, како и перформанс во кој ќе учествуваат македонски актери.
Во музичкиот дел на програмата ќе учествуваат Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Андријана Јаневска, Бојана Скендеровски, Ансамблот за народни песни и ора Јонче Христовски, хорот Св. Злата Мегленска и вокално инструменталната група Аманет.
Општина Гази Баба ги поканува сите граѓани да присуствуваат на настанот.