Газпром ги известил Полска и Бугарија дека од среда запира испораки на гас

Рускиот гасен гигант „Газпром“ ги известил во вторникот полските и бугарските соодветни институции дека од средата наутро ќе ја запре испораката на гас.

Бугарското министерство за енергетика во вторникот вечерта објави на својата интернет страница дека „Газпром“ известил дека од утре ја запира испораката на течен природен гас.

„Денеска, 26-ти април, во ‘Булгаргаз’ добија известување дека испораката на природен гас од ‘Газпром експорт’ ќе биде прекината на 27-ми април 2022 година“, се вели во кусото соопштение на бугарското министерство, но засега нема реакции од официјална Софија.

Малку претходно во вторникот „Газпром“ ја известил и полската државна енергетска компанија PGNiG дека во средата наутро во 8 часот по средноевропско време ќе го запре додокот од гасоводот Јамал.

Полската PGNiG, којашто изминатите години повеќепати пред полските судови издејстуваше високи глоби за „Газпром“ во прв ред поради градбата на гасоводот Северен тек 2 кој ја плаши Варшава дека ќе бидат намалени испораките на енергенсот преку гасоводот Јамал кој од Русија преку Украина и оти ќе мора да ѝ плаќа поскапо на Германија, сега повторно се закани дека „ќе преземе чекори да го запре прекинот на испораките, бидејќи со тоа се кршат постокните договори“. Полската компанија тврди дека има право на отштета поради тоа.

Полската министерка за клима и природна околина Ана Москва порадач дека нема потреба за повлекување гас од резервите и оти полските потрошувачи неам да го почувстуваат преконот на испораките.

„Пратки од други насоки ќе ја заменат онаа на Газпром“, изјави полскиот министер за енергетика Пјотр Наимски, додавајќи дека договорот со Јамал и онака истекува во декември годинава.

Полска повторува дека нема да се согласи на руското барање гасот да го плаќа во рубљи, откако таквиот пропис го донесе Москва во март како одговор на сеопфатните Западни санкции кои го целат рускиот енергетски и финансиски сектор.

Русија ја предупреди Европа, којашто сѐ уште е исклучително зависна од руските енергенси дека одбивањето да плаќаат во руската национална валута, може да резултира со намалување на испораките. Во мар Русија динесе прописи со кои предложи купувачите на енергенси да отворат сметки во „Газпромбанк“, која не е под западните санкции, за да можат да плаќаат во западни валути кои потоа ќе бидат променети во рубљи на Московската берза.

Европската комисија порача дека компаниите треба да продолжат да плаќаат во валути одредени со договорите со „Газпром“, и тврди дека во 97 отсто од случаите тоа се еврото и американскиот долар.