Рускиот енергетски гигант „Газпром“ соопшти во саботата дека престанал да ја снабдува соседна Латвија (Летонија) со гас, обвинувајќи ја за кршење на условите за повлекување на количествата гас.
Русија веќе ја прекина испораката на гасот за Полска, Бугарија, Финска, Холандија и Данска, кои одбија да плаќаат според новиот модел во рубљи. Поради истата причина „Газпром“ го запре продавањето на гас на компанијата „Shell Energy Europe“ во Германија.
Од 1-ви април Русија, за оние земји коишто ѝ наметнаа санкции,, започна да ги прима исплатите за гасот според нова шема, за да ги избегне доларот и еврото во трансакциите. Според шемата, купувачот во „Газпромбанк“ мора да отвори посебни сметки во валута и во рубљи, и го префрла потребниот износ во валутата наведена во договорот, банката ја продава на Московската берза и ги префрла рубљите на втората сметка од којашто на „Газпром“ му се плаќа за испорачаните количества. Одбивањето да се плаќа во руска валута, Москва ќе го смета за неисполнување на договорните обврски, беше посочено од руската страна.
Во соопштението од саботата „Газпром“ само се наведува дека е прекинато снабдувањето со гас на Латвија „како дел од јулски нарачки во врска со прекршување на условите за повлекување на гасот“, без дополнителни поединости.
Потегот на руската државна компанија дојде ден откако латвиската енергетска компанија „Latvijas Gaze“ објави дека го купува гасот до Русија и оти плаќа во евра, а не во рубљи како што се бара во тргувањето со „Газпром“.
Меѓутоа подоцна во петокот портпаролот на „Latvijas Gaze“ за Reuters изјави дека компанијата купува гас од Русија, но не од „Газпром“. Не сакал да го именува својот добавувач повикувајќи сена на „деловна доверливост“.
Европската комисија, која предупреди дека почитувањето на барањето на Москва гасот да се плаќа во рубљи „би можело“ да биде кршење на санкциите на Европската унија против Русија, ги повика компаниите од ЕУ да продолжат да плаќаат во валутата договорена во спогодбите со „Газпром“, од кои повеќето се во евра и долари, но и со клаузули за плаќања во други валути.
Во Брисел беа принуден да признаат дека секој обид на ЕУ за воведување санкции против „Газпромбанк“ може да го загрози целиот постоечки механизам за плаќање на рускиот природен гас, а тоа би довело до катастрофален преки на испораките во ЕУ. Сепак, повеќето држави во Унијата и најголемите компании продолжуваат да се снабдуваат според новата шема на плаќање.