Рускиот енергетски гигант „Газпром“, според прелиминарните податоци, од почетокот на годината го намалил производството на природниот гас за 15,9 отсто во однос на истиот период минатата 2021 година, до 300,8 милијарди кубни метри, според објавата на компанијата од четвртокот.
Истовремено, извозот на гасот во подалечните земји со кои Русија не граничи, за изминатите осум ипол месеци од годинава паднал за 38,8 отсто, за 53,7 милијарди кубни метри, на 84,8 милијарди кубни метри.
Истовремено, просечниот дневен извоз на „Газпром“ во септември се намалил за 22 отсто во однос на август, на 173 милиони кубни метри, произлегува од податоците на холдингот. Притоа се потсетува дека „Газпром“ го испорачува гасот според потврдените нарачки.
Според пресметките од претходните години, се проценува дека земјите во Европа траба да испумпуваат уште 14 милијарди кубни метри гас во нивните подземни складишта, со цел да се достигне нивото на почетокот од повлекувањето во предпандемиската 2019/2020 година, наведува „Газпром“, повикувајќи се на податоците од „Gas Infrastructure Europe“.
На 13-ти септември резервите на гас во европските капацитети на подземните складиште биле пополнети со 58,4 милијарди кубни метри. Истовремено, дури резервите кои се блиску до максималните резерви во подземните складишта во големите европски земји, не гарантираат сигурно минување на претстојниот есенско-зимски период, забележуваат „Газпром“. Со тешкотии во пополнувањето на капацитетите за складирање се соочува и Украина, каде признаваат дека постои само теоретска можност да се пополнат капацитетите на складиштата, но не и практична.
„Газпром“, исто така, денеска објави дека на 10-ти септември бил постигнато рекордно ниво на дневна основа во испораките на гасот за Кина, преку гасоводот Моќта на Сибир.
„Извозот на гас во Кина преку гасоводот Моќта на Сибир се зголемува според билатералниот долгорочен договор меѓу Газприм и (кинеската државна гасна компанија) CNPC. Траба да се истакне дека во септември испораките редовно ги надминуваат дневните договорни количества. На 10-ти септември беше поставен нов историски рекорд на дневниот обем на извозот“, се наведува во објавата на руската државна енергетска компанија.
Во периодот од јануари до август годинава, „Газпром“ успеал да ги зголеми испораките на гас преку Моќта на Сибир во Кина за 60 отсто.