Рускиот енергетски гигант „Газпром“ во мај извезол во Европа 89,5 милиони кубни метри гас, што е за 39 отсто повеќе во однос на истиот месец лани. Како што јави Ројтерс, извозот на гас на „Газпром“ во Европа се зголеми за 7,3 отсто во однос на април.
„Газпром“ престана да објавува податоци за извозот од почетокот на 2023 година, па британската агенција ги пресмета тие бројки врз основа на дневните извештаи за транзитот на руски гас преку Украина и податоците на европскиот гасен оператор „Entsog“.
Минатата година извозот на гас на „Газпром“ во Русија падна за 55,6 отсто во однос на 2022 година, така што сегашниот пораст на извозот во мај 2024 година е последица на нискиот базен ефект од минатата година, пишува порталот Oilprice.
„Газпром“ на почетокот на мај објави дека во 2023 година забележал годишна загуба во износ од 629,1 милијарди рубљи, што е приближно 6,4 милијарди евра, а лошиот резултат е пред се последица на падот на приходите од испораката на гас до Европа.
Ова е прва годишна загуба на Газпром од 1999 година, откако компанијата беше профитабилна од тогаш до минатата година.