![Gazprom](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/Gazprom.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Рускиот енергетски гигант Газпром, што извезува гас од Русија, утрово информираше дека и понатаму испорачува руски гас во Европа, „во согласност со барањата на клиентите“.
„Побарувачката на Европа за ресурси, денеска се зголеми“, објави Газпром.
Во соопштението се додава и дека гасоводот, што минува низ Украина, сè уште е во функција.
Објавата на Газпром доаѓа во време кога сè погласни се барањата, Западот целосно да ја прекине зависноста од руската енергија, првенствено од нафта и гас.