„Газпром“ повеќе од двојно го зголемил извозот

Цената на гасот кој „Газпром“ го извезол од Русија од почетокот на годината до крајот на ноември изнесувал 39,6 милијарди американски долари, што е повеќе од двојно од сумата во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на рисакта сојузна царинска служба објавени во понеделникот.

Физичкиот обем на извозот на гасот на рускиот државен концерн истовремено се зголемил за 5,7 отсто, на 171,5 милијарди кубни метри.

Во октомври „Газпром“ го намалил извозот за 9,4 отсто во однос на август, на 13,9 милијарди кубни метри, но во вредносна смисла извозот пораснал за 30,8 отсто, на 6,17 милијарди долари.

Руската царинска агенција извести и дека вредноста на извозот на пченицата паднала во 11-те месеци за 8,6 отсто, додека извозот на водката се зголемил за 12,3 отсто.