Рускиот енергетски гигант „Газпром“ соопшти во понеделникот дека добил службено предупредување од руските регулатори дека згаснатата компресорска станица „Портоваја“, којашто треба да пумпа гас за Германија преку гасоводот Северен тек 1, не ги задоволува безбедносните стандарди.
Користењето на неисправниот агрегат „Trent 60“ на компресорската станица „Портоваја“, без неопходниот ремонт, претставува ризик да прерасне во катастрофа, објави руската компанија на Telegram каналот.
Натамошното работење на оваа единици од компресорот за гас без отстранување на идентификуваните дефекти создава ризик од пожар или експлозија, односно влијае врз индустриската безбедност на целата станица“, се истакнува во објавата на „Газпром“.
Компанијата појаснува дека работните површини на аксијалниот компресор на моторот на гасната турбина на местата каде што кабелските врски може да се загреат на температурите над 300 Целзиусови степени. Притоа, истеченото масло се пали на 288 степени.
„Експлоатацијата работната единици во неисправна состојба е спротивно на руското законодавство за индустриска безбедност кај опасните производствени капацитети, во кои е вклучена и станицата ‘Портоваја’“, истакнуваат од „Газпром“.
Руската државна компанија во петокот извести дека е забележано истекува на моторни масло од турбината којашто тогаш уште беше во работа во „Портоваја“ и дека ќе ја запре испораката на гасот преку Северен тек 1 додека дефектот не биде отстранет.
Во понеделник „Газпром“ го цитираше и известувањето на германскиот концерн „Siemens Energy“, кој ги врши ремонтот на турбините за Северен тек 1, дека „истекувањето на маслото може да го поправи само специјализирана компанија“.
Од „Siemens Energy“ во саботата објавија дека наводно никој од нив не барал да ја извршат поправката и дека истекувањето на маслото „не би требало да влијае на функционалноста на турбината“, како и дека „дефектот може да се поправи на лице место“. Германската компанија, исто така, тврдеше дека на „Портоваја“ на располагање ѝ се други турбини.
Меѓутоа од „Газпром“ во саботата веднаш одговорија дека според договорот, техничкото одржување на гасоводот Северен тек 1 е обврска на „Siemens Energy“. Исто така, руската компанија потсети дека другите пет гасни турбини чекаат на ремонт, кој треба да го изврши германскиот партнер, а што е во застој поради антируските западни санкции.