ГДОМ денеска во Битола, Прилеп, Кичево, Велес, Радовиш, Делчево и Валандово

ГДОМ денеска во Битола, Прилеп, Кичево, Велес, Радовиш, Делчево и Валандово
ГДОМ денеска во Битола, Прилеп, Кичево, Велес, Радовиш, Делчево и Валандово
Масовните собири организирани од Граѓанското Движење за Одбрана на Македонија (ГДОМ) продолжуваат и денес.

И денес граѓаните на Прилеп(18:00), Битола, Кичево, Велес, Радовиш и Валандово во 19 часот и Делчево (19:30) гласно и масовно ќе повторат дека кризата мора да заврши и мора да одиме на избори.

-Демократијата и правото на глас не смеат да бидат суспендирани од никого. Граѓаните мора самите да одлучуваат за сопствената иднина и тоа мора да го сторат единствено на избори. Не сакаме друг начин, не сакаме друго деструктивно сценарио кое некој овде решил да го спроведува. Никој друг нема право ниту да одлучува во име на народот освен самиот народ. Избори мора да има и на нив Македонија ќе победи! Се гледаме во Прилеп(18:00), Битола, Кичево, Велес, Радовиш и Валандово во 19 часот и Делчево(19:30), соопштуваат од ГДОМ.