Граѓанското движење за одбрана на Македонија-(ГДОМ), синоќа, во големата сала во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица одржа трибина на која за актуелната политичка состојба во државата.
Во рамки на трибината, пред струмичани се обратија Миленко Неделковски, Виолета Ачковска, Братислав Димитров, Александар Пандов и Петре Темелковски.
Во својот говор, Миленко Неделковски, укажа дека Македонија во последните неполни шест месеци живее во најдлабока политичка криза, на која со потпишувањето на договорот од втори јуни и се гледа крајот.
– Се изнаслушавме и се изнагледавме многу глупости, што опозицијата и соросовите платеници ни ги приредија во изминатиот период.За жал денес, од Заев слушаме негативни коментари за изјавата на Хан во Вашингтон, со закана дека нема да присуствува на состанокот на 10- ти јуни во Брисел. Многу чудно, тие кои до вчера се потпираа на ЕУ и НАТО претставниците, сега не ги почитуваат, рече Неделковски.
Професирката Виолета Ачковска, ја истакна оправданоста од појавата на ГДОМ во ова политички турбулентно и кризно време за опстанокот надржавата.
– Големиот собир на ВМРО-ДПМНЕ на 18-ти мај ја искажа решеноста на македонскиот народ и граѓаните на оваа држава дека е доволно зрел и свесен за да не дозволи некој да му ја украде демократијата, рече Ачковска.
За Братислав Димитров, потпишаниот договор за надминување на политичката криза од страна на 4-те литери на полититчките партии, за кој како гаранти се јавуваат амбасадорите на ЕУ и САД, само е предвесник за излез од наметнатата криза.
-Во цел тој процес, премиерот Никола Груевски покажа голема рационалност и како и до сега го слушаше гласот на народот, со што јасно докажа кој е кој во Македонија, рече Димитров.
Александар Пандов истакна дека наводната политичка криза е разобличена и на сите им е повеќе од јасно дека се работи за болна желба за власт.
-Од 10-ти јуни, по состанокот во Брисел започнува крајот на политичката криза и почнува периодот на стабилизација во Македонија, кој ќе заврши со повторна голема победа на ВМРО-ДПМНЕ во април 2016 година, потенцира Пандов.
Трибината заврши со патриотска поезија во изведба на актерот Петар Темелковски.