Интегрална изјава на Димо Петкоски, секретар на Граѓанско Демократската Унија:
На средина сме од изборната кампања. Но, за жал, сме разочарани од она на што се фокусираат нашите опоненти. Нема натпревар на идеи. Додека ние зборуваме за реформи, тие се занимаваат само со самите себе. Што всушност понудија таканаречените големи партии за овие избори?
Освен што и едните и другите пукаат „бомби“ или „петарди“ и се кријат зад анонимни пријавувачи или загрижени граѓани, друго ништо ново од нив не слушнавме. Доколку ги отворите програмите и на СДСМ и на ДПМНЕ, таму нема да видите ништо ново. Проектите и она што го нудат е пресликано од претходните програми. Години наназад излегуваат со истите ветувања. И наместо да зборуваат за реалните проблеми кои секојдневно го мачат секој еден од нас, тие се фокусираат на меѓусебни обвинувања, кој бил поголем криминалец, кој повеќе и наштетил на оваа држава. Но и едните и другите се свесни дека на ова дереџе сме дојдени поради нивната неспособност и желба само за сопствено богатење.
И додека секојдневно си го вадат валканиот веш и само се потврдува она што ние постојано го зборуваме дека не им е грижа за граѓаните, институциите ги нема со никаква реакција. Само си ја префрлаат топката и толку. Затоа и довербата во институциите е таква.
Притоа ГДУ нема ништо против да објави се, со цел да излезе вистината на виделина. Но сме против молкот на институциите, селективноста во постапувањето, неказнивоста.
Но, затоа на овие избори имаме избор да ги смениме работите на подобро. Да им дадеме црвен картон на СДСМ и ДПМНЕ. На овие избори гласаме за број 7, за граѓанинот против мафијата. Ние имаме кратка, јасна и концизна програма а општеството ќе го промениме преку личен пример!