Ге-Ге денеска без вода

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека поради дефект без вода се останати жителите на населбата Даме Груев во општина Ѓорче Петров.

Како што информираат од претпријатието, дефектот настанал синоќа во 12:30 часот по полноќ.

Без вода се останати корисниците од улицата Лука Геров, крак 10, а истите повторно ќе бидат приклучени на водоводната мрежа по санирање на дефектот.