Гебрејесус: Коронавирусот има потенцијал на пандемија, не е време за страв, туку за преземање акции

Епидемијата на новиот коронавирус ја достигна „клучната точка“, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адан Гебрејесус и ги повика сите земји во светот да ги зголемат своите напори со цел ефикасно спречување на ширење на вирусот.

– Вирусот има потенцијал на пандемија. Сега не е време за страв,  сега е време за преземање акции како да се спречи инфекцијата и да се спасат животи, рече Гебрејесус.

Претставници на СЗО посочија дека соработуваат со организаторите на Олимписките игри во Токио и истакнаа дека не веруваат дека наскоро ќе биде донесена одлука за одржување на игрите, што треба да почнат кон крајот на јули годинава.