Објавата на Џоан К Роулинг дека два лика од „Хари Потер“ се во геј врска предизвика гневни реакции, а некои обожаватели ја обвинуваат дека своите книги ги прилагодува на општествените трендови.
Британската писателка во 2017 откри дека Албас Дамблдор, директорот на училиштето за волшебништво во Хогварст е вљубен во колегата волшебник Гелерт Гринвалд.
Сега додала дека нивниот однос веќе десетина година има „сексуална димензија“, предивикувајќи критики на социјалните мрежи дека ѝ се додворува на ЛГБТ заедницата.
„Си можела Дамблдор/Гринвалд да ги направиш гејови кога ја пишуваше книгата и правеше филмови“, напиша еден од обожавателите на Twitter.
Ретроактивниот континуитет, или „реткон“, кога авторот дополнително го менува оригиналниот тек на приказната за да бидат во чекор со модерните гледишта, стана последните години многу чест.
Студиото „Marvel“, исто така, се најде на удар на критиките поради тоа што главниот лик во последениот филм „Капетан Марвел“ е жена, иако беше маж во серијата на којашто се темели филмот.
Сепак, има и такви обожаватели кои ѝ се заблагодарија на ултрабогатата писателка за воведување на „различностите“ во светот на Хари Потер.
„Се решив да се насочам на напредокот, вашите ликови ни помагаат да сознаваме и размислуваме“, напишал друг фан на Twitter.