Геј скандал во грчката митрополија

Грчката православна црква е на пат да биде потресена од геј скандал, соопштуваат од атинскиот весник „Акрополис“.

Изданието тврди дека располага со компромитирачки фотографии и видеа на владика од висок ранг, без да се посочј кој е точно тој.

Свештеникот е фатен во интимни пози со друг маж, а од медиумот дополнуваат уште дека станува збор за митрополит од полуостровот Пелопонез.

Во овој дел на земјата постојат две големи Митрополии, во Патра и Коринт.

Светиот синод на грчката православна црква побарал копија од снимката и фотографиите.