Геманија има лек за Кристијано Роналдо

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев, ја подгреа атмосферата пред првиот натпревар од групната фаза на престојниот Мундијал, каде за противник ја има селекцијата на Португалија, со изјавата дека неговите фудбалери можата да ја лимитираат играта на најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо.

„Португалија има фантатсичен тим, а Роналдо е фантастичен фудбалер. Сепак, Германија има фантастичен тим, одлични фудбалери, а го имаме и потребниот метод со кој ќе ја лимитираме играта, го го лимитираме ефектот на Роналдо. Зошто Ерменија е последниот противник на Германија пред стартот на Мундијалот во Бразил? Јас ја одбрав Еменија, станува збор за репрезентација која негива игра со контранапади, игра слично како репрезентацијата на Португалија”, изјави Лев.