Генерал Герасимов првпат во јавноста по несупешниот бунт на „Вагнер“

Началникот на Генералштабот на руската армија, генералот Валериј Герасимов, во понеделникот првпат се појави во јавноста од несупешниот еднодневен бунт од 24-ти јуни воден од шефот на приватната воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, насочен токму против Герасимов и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

На снимката што ја објави руското Министерство за одбрана се гледа генералот Герасимов како ги слуша извештаите од дејствата во Украина, разговара со водечките генерали и издава наредби, меѓу кои и е челникот на военото разузнавање ГРУ.

Во прилогот се наведува должноста што ја извршува Герасимов „началник на Генералштанот на руските вооружени сили и командант на здружените сили во Украина“.

Во прилогот се наведува дека „началникот на Генералштабот на рските вооружените сили, генералот на копнените војски Валериј Герасимов, му даде задача на шефот на Главната разузнавачка управа (ГРУ) и на одговорните за командните места да ги идентификуваат локациите за обука и складирање, лансирните позции на проектилите С-200 и слично непријателско ударно оружја, како и да го испланираат нивниот пораз“.

Министерството, исто така, наведва дека во неделата руските противвоздишни и ракетни сили спречиле неколку украински ракетни напади врз црноморскиот полусотров Крим каде бил гаѓан големиот Керченски (Кримски) мост и аеродром, врз Ростовската област во Русија и врз аеродром во Калушката област.

Станува збор за противвоздушни системи С-200, кои првпат се произведени во 1964 година, кои украинската војска ги пренаменила во нивната офанзива варијанта,