![_107504682_mediaitem107504681](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/107504682_mediaitem107504681.jpg?resize=660%2C371&ssl=1)
Началникот на штабот на армијата на Етиопија, генерал Сиар Меконон и неговиот советник Гизе Абера се убиени при вчерашниот обид за воен удар во сојузната држава Амахара, изјави етиопискиот премиер Абиј Ахмед.
Државната телевизија на Етиопија објави дека зад обидот за пуч стои генералот Асамнев Циге. Според премиерот Ахмед, претставниците на регионалната Влада биле на состанок кога се случил обидот за воен удар.
„Неколку луѓе се убиени, додека други се повредени, истакна Ахмед, додавајќи оти Меконон е „убиен од негови блиски луѓе“.
Амахара е една од деветте регионални држави во Етиопија, и втора според бројот на населението, на чиешто чело е претседателот Амбачев Меконен.
Етиопската влада објави дека „вооружена група“ во автономната покраина Амхара, на северозападот од земјата, се обидела да изведе „државен удар“, без да открие повеќе поединости за случувањата.
„Обидот за државен удар во автономната покраина Амхара е спротивен на уставот, а намерата му е да го поткопа скапо платениот мир во оваа област. Овој незаконски обид мора да го осудат сите Етиопјани, а сојуната влада располга со сите можности да ја победи оваа вооружена група“, се додава во соопштението од кабинетот на премиерот Абиј Ахмед.
По доаѓањето на власт во април 2018 година по двегодишните немири во Етиопија, премиерот Абиј Ахмед настојуваше да ја демократизира емјата легалиирајќи ги дисидентските групи, казнувајќи го кршењето на човековите права и јакнејќи ја медиумската слобода. Покрај тоа, започна и со спроведувањето на економските реформи.
Меѓутоа, мора да се справува и со честите меѓуетнички тензии кои повеќето се поврзани со поседувње на земјата и со искористување на природните богатства и кои неретко прераснуваат во судири во земјата со над 100 милиони население.