![RTX16DYK](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/RTX16DYK.jpg?resize=640%2C379&ssl=1)
Генералниот инспектор на Меѓународната агенција на ОН за атомска енергија (IAEA), Теро Варјоранта ненадејно поднесе оставка, објави агенцијата во петокот без детали за причините за оставката.
Заминување на Финецот доаѓа во деликатен момент, три дена откако САД најави дека ќе се повлече од договорот на светските сили со Иран во врска со нуклеарната програма на земјата, поради што се постави прашањето дали и Техеран и понатаму ќе го почитува.
Варјоранта беше заменик-директор на IAEA и од октомври 2013 година го предводеше одделот кој утврдува дали се почитува договорот за спречување на ширењето на нуклеарното оружје.
Договорот потпишан во 2015 година, во замена за укинување на санкциите против Техеран, има воспоставено строги рестрикции за иранските нуклеарни активности за да се обезбеди тие да не се насочат нкон развојот на нуклеарно оружје.
ИАЕА, која ги следи овие ограничувања, во средата, еден ден по објавувањето на одлуката на Трамп, изјави дека Иран се уште ги почитува своите обврски од договорот.
Агенцијата, исто така, го бранеше договорот, тврдејќи дека истиот претставува достигнување за следење на нуклеарната технологија.
Агенцијата ќе продолжи со активностите за надзор високо професионално, рече портпаролот на IAEA кој потенцираше дека во врска со оставката не може да ги коментира личните работи на Варјорант.