Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, упати во неделата „порака на предупредување, црвено предупредување“ за опасностите коишто му се закануваат на светот во 2018 година и повика на „единство“ по повод новата година.
„Кога пред една година стапив на должноста, упатив апел 2017 година да биде година на мирот. За жал, … се случи спротивното“, вели во новогодишната порака челникот на светската организација.
„Судирите се влошуваа и се појавија нови опасности. Во целиот свет никогаш не беше толку голем ставот од нуклеарното оружје од крајот на Студената војна“, истакнува Гутереш, алудирајќи на кризата со Северна Кореја.
Климатските промени се побрзи од нас, а нееднаквостите се и сѐ посилни, со тешки кршења на човековите права, вели челникот на ОН, изразувајќи жалење поради јакнењето на национализмот и ксенофобијата.
„Ние можеме да ги решиме судирите, да ја надвладееме омразата и да ги заштитиме нашите заеднички вредности, но мораме да бидеме обединети за да го постигнеме тоа“, оценува во пораката.
Гутереш ги повикува светските челници „повторно да ја изградат довербата обединувајќи ги луѓето околу заедничките цели.