Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на социјалната мрежа Фејсбук на 4-ти јуни ги повика граѓаните да останат дома бидејќи како што вели тој вирусот Ковид-19 е реална појава.
Вчера пак на Инстаграм ги поздрави со фотографија од Беровското езеро, од тука и прашањето кој треба да ги почитува мерките и препораките?
Љупчо Николовски е од Крива Паланка, но сепак овој викенд ја избрал викенд дестинацијата Беровско езеро.
Во СДСМ неколку лица се позитивни на коронавирус, а голем број во самоизолација. Партијата Левица до Државната изборна комисија поднесе дури и претставка за предвремено започнување на кампања.