![general vasko gjurcinovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/general-vasko-gjurcinovski.jpg?resize=696%2C421&ssl=1)
Пред неколку дена началникот на Генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски доживеа несреќа откако неговото возило во движење се запали во Косово.
Во четвртокот вечерта во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 објасни како дошло до пожарот.
„Во непосредна близина на Приштина, во движење се запали возилото, но за среќа со брза интервенција на обезбедувањето и придружбата брзо беше локализиран пожарот“, рече Ѓурчиновски.
Додаде дека за среќа во инцидентот нема повредени лица, како и дека материјалната штета е мала.