Генералот Ѓурчиновски во официјална посета на Вооружените сили на Србија

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски по учеството на состанокот на иницијативата DECI во Република Хрватска, како дел од планираните билатерални армиски активности, денеска е во официјална посета на Вооружените сили на Србија.

Генералот Ѓурчиновски во текот на денешниот ден ќе го посети Генералштабот на Војската на Србија каде ќе има средба со неговиот српски колега, генерал Милан Мојсиловиќ. Ќе се разговара за регионалните иницијативи како платформи за зајакнување и одржување на стабилноста и безбедноста на регионот како приоритетно значење, кое се постигнува со отворен дијалог и добрососедски односи.

Република Северна Македонија и Србија учествуваат во регионалните иницијативи СЕДМ, Балканските медицински сили, иницијативата Б-9 на началниците на Генералштабови и Центарот за безбедносна соработка – РАКВИАК, кои се од заеднички интерес за земјите и преку кои се унапредува билатералната соработка и регионалната безбедност, соопшти ГШ на АРСМ.