Новиот началник на Генералштабот на словенечката армија Роберт Главаш од денеска и официјално ја презема функцијата, јави дописникот на МИА од Љубљана.
На свеченоста по повод примопредавањето на функцијата тој изјави дека граѓаните и во иднина ќе можат да сметаат на армијата.
– Мораме да продолжиме со инвестирањето во материјалниот и човечкиот потенцијал на армијата. Само така ќе ја одржиме војската во добра кондиција и подготвена за сите задачи, изјави Главаш.
Министерот за одбрана, пак, Матеј Тонин на свеченоста рече дека Главаш бил војник „со душа и срце“.