Геномиката би можела да добие статус на стратешки сектор во Британија

Велика Британија размислува за доделување статус критична инфраструктура на секторот за геномика, изјави вицепремиерот Оливер Дауден, во услови на притисок од пратениците кои се загрижени од кинеските активности во оваа сфера.

Геномиката се занимава со одредување на генетската секвенца и процесот на регулација на гените.

Во 2021 година агенцијата Reuters спроведе истражување кое покажа дека кинеската групација BGI, во соработка со војската, развила пренатални тестови и ги користела за собирање генетски податоци од жени ширум светот за проучување на карактеристиките на популацијата.

Кинеската групација тврди дека не ги споделиле овие информации за потребите на националната безбедност и дека тоа никогаш од нив не било побарано, посочувајќи дека станува збор за шпекулации на западните разузнавачки служби кои ја покренале темата преку медиумите.

Британските пратеници му пишаа на регулаторот за заштита на податоците во земјата оваа година за отворање истрага во врска со BGI, повикувајќи се на истражувањето на Reuters. Активистите, пак, напишаа писмо до владата, барајќи истрага за врските на кинеската групација со британските универзитети.

На прашањето од член на парламентот дали Британија ќе го вклучи секторот геномика на списокот на критичната инфраструктура, Дауден во понеделникот одговори дека предлогот е оправдан и дека се разгледува.

„Моментално нема таков статус, но во мојата позиција во Владата е вклучена и анализата на листатта со клучна инфраструктура и ја истражувам оваа можност“, рече тој пред пратениците.

Инфраструктурата влегува во списокот доколку нејзината закана негативно би влијаела на основните услуги или националната безбедност. Таквиот статус, исто така, носи построга контрола на договорите и истражувањата.

Дауден го бранеше владиното проширување на листата, посочувајќи на усвојувањето на Законот за национална безбедност и инвестиции, кој ѝ дозволи на владата да го блокира кинеските преземања на домашни компании во чувствителните сектори.