![Георгиев](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/12/Georgiev.jpg?resize=615%2C400&ssl=1)
Одличен успех забележаа македонските кик боксери кои настапија на Светскиот куп во Макарска, Хрватска.
На ова натпреварување, каде настапија 180 учесници од вкупно 9 земји, Македонија освои 5 медали, и тоа по еден златен и бронзен како и три сребрени медали.
Во дисциплината кик лајт Димитар Ѓеорѓиев во категоријата (-79 кг) дојде до првото место и воедно ја освои премијата на овој голем настан.
Сребрен медал:
Ѓоше Ѓошев – 50кг лајт контакт
Божидар Јанков – 60кг лајт контакт
Викторија Варадинова – 60кг лајт контакт
Бронзен медал:
Јована Арсова – 55кг лајт контакт