Георгиевски-Камиказа: Шилегов барал од сите вработени во градската администрација да донесат 10 потписа за да останат на работа

Сите неопределени гласачи овојпат на изборите ќе им пресудат на двете големи политички партии. Се надевам дека во најголем број ќе излезат оние кои не гласале со години. Се надевам на оние кои едноставно им беше се преку глава и сите овие години овие две политички партии направија да се чувствуваат луѓето безнадежни, истакна кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Петар Георгиевски – Камиказа вечерва на централниот митинг во Скопје.

Тој апелира до граѓаните на 17 октомври да гласаат за личноста за која мислат дека ќе направи најдобро за градот.

-Имам работено на преку 25 кампањи. Најновото е дека денеска добивме неколку дојави дека Шилегов барал од сите вработени во градската администрација да донесат 10 потписа со лични карти за да може да останат понатаму на работа. Јас, еве гледам во камерите и ви кажувам – сите ќе останете на работа, да не се секирате и да гласате за кого сакате. Ако сакате гласајте за мене, ако гласајте за Шилегов, ако сакате гласајте за Бени Шаќири, ако сакате гласајте за Данела. За кого сакате гласајте. Гласајте за оној што ве носи срцето и за оној за коко мислите дека ќе направи најдобро за градот. Ние не се служиме со такви работи и едноставно граѓаните ќе одлучат на 17 октомври кому ќе го дадат гласот, рече Камиказа.