Георгиевски: Нов здравствен дом во Илинден со 24 часовна дежурна служба

Изградбата на нов здравствен дом е еден од приоритетите во мојата програма, посочува кандидатот за градоначалник на Општина Илинден од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Георгиевски.

-Во здравствениот дом, покрај основната здравствена заштита е предвидено да има и 24 часовна дежурна служба, како интернист, гинеколог, педијатар, лабораторија, како и возило за брза помош, школска амбуланта и бесплатни прегледи при упис на првачињата во основните училишта, вели Георгиевски.
СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!