Георгиевски останува во Мелбурн Виктори уште две сезони

Повремениот македонски репрезентативец, Даниел Георгиевски потпиша нов договор со својот клуб, Мелбурн Виктори.

Како што пренесуваат австралиските медиуми, Георгиевски се обврзал на дополнителни две години верност кон шампионот Мелбурн Виктори, тим со кој нашиот фудбалер ја освои титулата уште во својата прва сезона од неговиот престој таму.

27-годишниот Даниел Георгиевски во Мелбурн Виктори пристигна од романска Стеауа, а претходно на европско тло настапуваше и за хрватските Меѓимурје и Шибеник. Досега има и 22 настапи за македонската репрезентација.