
Претседателот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски на својот фејсбук профил пишува дека билатералните разговори со Грција, придонеле за влегување на Македонија во една дипломатска замка.
-Имам чувство дека со билателарните разговори со Грција влеговме во една голема дипломатска замка. Што поскоро треба да се вратиме на Нимиц и да се побара тој да ги дава предлозите, а добро е тој и да ги води преговорите, напиша Георгиевски.