5.8 C
Skopje
недела, декември 15, 2024

  Георгиевски: Во мислите ми беше само со победа да ја завршам репрезентативната кариера

Гоце Георгиевски беше во центарот на вниманието на денешниот квалификациски меч со Турција, последен натпревар во фантастичната репрезентативна кариера на десното крило на Вардар.

Тој пред дуелот доби пригоден подарок од претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, по мечот се најде во воздух на рацете на соиграчите, а во изјавата за медиумите откри дека чувствувал голем притисок да се прости со победа од националниот тим.

„Беше тешко, некако бев емотивно испразнет, а во мислите ми беше само со победа да завршиме, триумфално да ја завршам репрезентативната кариера. Некако чувствував голем притисок, но на крај се излезе како што требаше. Среќен сум што вака заврши и испадна, со победа да се простам од дресот на националниот тим. Беше тежок меч, а очекувавме вакво нешто, зашто Турција е добра селекција. Ја бркавме таа негатива од почетокот на вториот дел и мислам дека последните 10 минути одигравме подобро во одбрана, во напад исто така, Митев даде доста важни голови. Среќен сум што завршивме со победа и што триумфално го заверивме овој пласман на ЕП“, изјави Гоце Георгиевски.