![georgievski zaharieva fb](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/georgievski-zaharieva-fb.jpg?resize=696%2C465&ssl=1)
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски се сретна со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.
Георгиевски пристигна во Бугарија за да помогне во решавањето на тековните спорови меѓу двете земји.
-Јас и мојот тим денеска остваривме плодна средба со нашиот пријател од Република Северна Македонија и нејзиниот премиер од 1998 до 2002 година Лубчо Георгиевски- напиша Захариева на Фејсбук.
Посетата, како што пренесе бугарската агенција БГНЕС се реализира откако тој неодамна имал разговор со премиерот Зоран Заев.
Георгиевски смета дека Софија не разбира што значи македонски претседател или премиер да објави дека Гоце Делчев е заеднички херој и на Македонија и на Бугарија. Љубчо Георгиевски повеќепати ја потенцираше позитивната улога на претседателот Стево Пендаровски и, особено, на премиерот Зоран Заев, кои се за приближување кон Бугарија, која тие ја опишаа како пријателска земја, пренесе БГНЕС.
Според агенцијата, Георгиевски признал дека многу малку е направено за приближување кон Бугарија во последните 30 години и оти македонската дипломатија ја преспала последната година, а особено периодот кога рамковната позиција за Македонија била расправана и усвоена во бугарскиот Парламент.