До крајот на март следната година ќе бидат соопштени резултатите од пописот. Првиот човек на Статистика оцени дека тој бил спроведен успешно и се попишале над 1 милион и 800 илјади лица, за разлика од минатиот кога бројката беше над 2 милиони.
Првичните бројки од спроведениот попис покажуваат дека во изминатите 20 години, бројот на население во Македонија се намалил за околу 200 илјади граѓани, споредено со пописот во 2002, кога во земјава беа изборени вкупно 2.022.547 лица.
Намалениот број на население, според поренешниот директор на ДЗС, Герасимовски е резултат на иселувањето и на значително намалениот наталитет во државата. Очекува дека конечната бројки од пописот ќе ја даде реалната демографска слика во земјава.
Првичната бројка на попишани граѓани во земјава е скоро идентична со бројот на гласачи во Избирачкиот список. Според премиерот Заев разликата помеѓу попишаните и вкупниот број на гласачи се должи на самоопределбата за попишување во дијаспората.
Пописот траеше од 5 до 30 септември. Податоците ќе се обработуваат во следните шест месеци, а очекувањата се конечните резултати да бидат објавени до крајот на март идната година.
Директорот на ДЗС, Симовски најави дека и оние граѓани кои попишувачите не успеале да ги пронајдат дома, а не се попишале ниту во општинските канцеларии, ќе бидат дел од пописот – нивните податоци, како што рече, ќе бидат преземени од некоја од базите што ќе се користат при обработката на податоци.